Ќе позајмиме 700 милиони евра за да вратиме 500 милиони стари долгови – ќе има нешто и за вакцини

0
46

Владата и официјално ги задолжи граѓаните за нови 700 милиони евра. Толку „тежи“ најновата 8-ма еврообврзница која беше издадена вчера. Еврообврзницата  со рочност од 7 години ќе се враќа со камата од 1,625%. За министерот за финансии Фатмир Бесими ова задолжување не е драматично, бидејќи со 700 милиони евра летово ќе се враќа еврообврзницата од 2014-та тешка 500 милиони евра земена со многу повисока камата од 3,975%. Потенцира дека нето задолжувањето од оваа еврообврзница било „само“ 200 милиони евра, пари кои ќе се искористеле за набавка на вакцини и други потреби во здравството. Се правда дека позајмувањето пари на надворешниот пазар било пракса и во околните држави. Издавањето еврообврзница во март не било прерано за нови задолжувања.