Џамбаски: Белград работи против кохезијата меѓу Македонија и Бугарија

0
62

Идејата за српска хегемонија на Балканот сè уште постои, пишува на Фејсбук Ангел Џамбаски, бугарски европратеник. Во своите тврдења, тој се потпира на изјавата на македонскиот игумен на манастирот Бигорски, Партениј, за украинската телевизија „Верски правда“.

Според игуменот, Македонија била под власт на Белград скоро еден век и затоа, како што вели, разбирливо е присуството на српските специјални служби во земјата. Игуменот тврдеше дека овие служби дејствуваат против Македонската православна црква и дека тие исто така се обидуваат да ги уништат добрососедските односи на земјата со Бугарија и Грција и да се спротивстават на евро-атлантските интеграции на Македонија.

Во постот, бугарскиот европратеник изрази задоволство од споменатата изјава на македонскиот игумен, велејќи дека тоа е важно во сегашните услови, кога Македонија ретко зборува позитивно за Бугарија.