Џафери сепак ја почна 36. седница на чиј дневен ред е петтиот пакет мерки, опозцизијата ја напушти седницата

0
15

 

На предлог на претседателот на Собранието, а поддржан од 53 пратеници, наместо пратенички прашања денеска ќе се одржи 36. седница на чиј дневен ред се и законите за финансиска помош од петтиот пакет мерки.

Опозицијата ваквиот предлог  го нарече „шверцерско подметнување“ и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, а во салата остана само координаторот Никола Мицевски.

– Зошто го правите овој циркус во Собранието? Зошто не го прифаќате нашиот предлог? Врз основа на што вие повикувате да не се одржи седница на пратенички прашања, туку 36. седница? Дали сте свесни дека правите преседан, дека прв пат се прекинува седница на пратенички прашања. Кога има ваква седница, ништо друго не се прави и не се закажува друга седница – рече Мицевски, кој побара пауза за да се закаже седница на која ќе се изгласа дневниот ред со четири точки.

 

Џафери, пак,му возврати дека точките кои ги бараат се на седница и дека нивна е одлуката дали ќе прават кворум или не.

– Јас нема да правам преседан за исти точки кои се на седница да свикам нова седница. Јас не сум фејсбук политичар, туку практичар кој спроведува прописи – рече Џафери.

Координаторот на СДСМ, Јован Митрески, изкажа поддршка за предлогот на Џафери и ја повика опозицијата да влезе во сала за да им излезе пресрет на граѓаните и фирмите.