23-ГОДИШНО ЛИЦЕ МЕЃУ 17 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, УШТЕ 1.347 ПОЗИТИВНИ ОД 4.096 ТЕСТОВИ

0
22

Дваесет и тригодишно лице е меѓу 17-те починати од ковид-19 во изминатото деноноќие, а од 4.096 тестови регистрирани се 1.347 позитивни или 32 отсто од тестираните. Според Министерството за здравство, починатите се на возраст од 23-90 години и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2, и по едно починато лице е пријавено од Штип, Кочани, Куманово, Охрид, Кичево, Крива Паланка и Виница. Од пријавените, 16 лица се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.

Нови случаи на ковид-19 се регистрирани во: Скопје – 643, Куманово – 90, Прилеп – 85, Велес – 61, Охрид – 56, Битола – 50, Кавадарци – 47, Тетово – 40, Гостивар – 35, Гевгелија – 34, Штип – 30, Струмица – 25, Неготино – 19, Кочани – 15, Кичево – 13, Радовиш – 12, Пробиштип –8, Струга, Крива Паланка, Ресен, Делчево, Виница и Валандово – по 7, Свети Николе, Дебар и Македонски Брод – по 6, Берово, Богданци, Демир Капија и Демир Хисар – по 4, Крушево и Пехчево – по 3, Кратово – 2.

Регистрирани се 451 оздравени пациенти од: Скопје – 245, Прилеп – 40, Кавадарци – 23, Гевгелија – 19, Штип – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Тетово и Велес – по 11, Гостивар и Струмица – по 10, Куманово – 9, Битола – 7, Демир Капија – 5, Берово – 4, Пробиштип и Богданци – по 3, Кратово – 2, Ресен, Дебар, Крушево и Македонска Каменица – по