Кога Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, Заев со одговор

0
47

Бугарите, Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците, Романците во иднина може да влезат во Уставот. Владата планира пред влезот во ЕУ да го отвори Уставот, но не и за пописот. Но, премиерот Зоран Заев вели дека имаме многу години пред нас за тоа.

„Изразената волја дека имаме спремност, не само за Бугарите, за Хрватите, Торбешите, Египќаните, Австријците, Романците и други кои и да ги имаме во државата од помалубројните етнички заедници, како отворено општество, европска земја, ќе го следиме примерот на европските земји“,  изјави Заев откако министерот за надворешни работи Бујар Османи  рече дека ако треба ќе се измени и Уставот за да влезат Бугарите во преамбулата.

Тој информира дека имал средба и со Торбешите кои живает во различни делови од државата околу нивното изјаснување на пописот.

„Не ни треба во моментот какво било уставно надополнување за секој граѓанин, како се чувствува етнички така да се изјасни во рамки на пописот. Тоа е слободно. Секој може недвосмислено, прецизно, јасно да си каже на која етничка заедница припаѓа или доколку припаѓа на некоја верска група да се изјасни дека припаѓа на таа верска заедница или ја практикува таа вера“, рече Заев.