Полнењето на Мавровското езеро како и губитоците на вода го забрзале процесот на тектонските поместувања во Мавровско – реканскиот крај

0
20

Полнењето на Мавровското езеро како и губитоците на вода го забрзале процесот на тектонските поместувања во Мавровско – реканскиот крај каде деновиве беа евидентирани серија земјотреси кои не предизвикаа големи штети

Освен штета на неколу оџаци како и заматување на водата серијата земјотреси во Мавровско – реканскиот крај не предизвикаа други штети. Водата не е сеуште за користење.

За неколку месеци ова е втора серија на земјотреси во Мавровско – реканскиот крај. Минатата година во неколкуте земјотреси беа оштетени над 60 објекти, но со помала материјална штета. Поради зачестените тектонски поместувања на земјата општината ќе поставуваа мерни станици со соработка со Институтот за сеизмологија

Експертите велат дека се очекувани земојтресите во Мавровско кое е трусно подрачје, а подземните води и Мавровското езеро го забрзуваат процесот.

Во Македонија се очекувани земјотреси и до 9 степени според Меркилиевата скала