Рашковски и семејството вчера преку ВИП заминале кон Мексико

0
24

Во овој момент останува непознато дали Рашковски е во бегство поради последниот корупциски скандал или на сред пандемија заминал на прошетка во Латинска Америка, истакнува Лидер.мк.

– Ни беше наредено Рашковски да го протнеме низ ВИП одделот на аеродромот. Беше заедно со својата сопруга и двете деца, а обемот на багаж беше како да оди на подолго патување, но не можам да тврдам дека се работи за бегсгтво затоа што Рашковски често патува. Пред скоро време заедно со своето семејство леташе во Турција, изјавил вработен за Лидер.мк, кој сакал да остане анонимен, плашејќи се за своето работно место.

Ова бегство доаѓа непосредно по огромната афера која беше објавена од медиумите, во која Рашковски оштетувајќи го буџетот набавил набавка на софтвер за сообраќајни казни кој не е потребен. Креатор на овој софтвер е самиот Рашковски што значи дека парите од државниот буџет ги трансферирал на своја сметка.

Вчера, од Антикорупциската комисија објавија дека отвораат предмет за овој случај.

Претходно Рашковски беше централна фигура во аферата „Леонардо“ кога преку Лидер и Експрес излегоа аудио снимки на кои јасно се слуша како тој бара провизија од тендер од една странска компанија.

Редакцијата на Лидер се обиде да стапи во контакт со „бегалецот“ Рашковски, но него не можеме да го добиеме, а веројатно недостапен е и за органите на прогонот.

Претходно пратникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, праша кој висок функционер на СДСМ заедно со семејството заминал за Мексико?