ВИДЕО: Паднато дрво предизвика спој на трафостаница во Железара, се појавија вознемирувачки снимки

0
26

Паднато дрво предизвика спој во трафостаница на ЕВН во скопската населба Железара.

Делови од населбата останале без електрична енергија, а пред да се утврди за што станува збор граѓаните на социјалните мрежи објавуваа видеа.

Пријавуваа чудна светлина и искрење, како и експлозии.

Повик за интервенција бил примен и воТериторијалната противпожарна бригада на Скопје, од каде било испратено возило, но немало потреба од интервенција.

Екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.