70 милиони евра помош за општините, половина милион за Арачиново

Општините ќе добијат 70 милиони евра за реконструкција на патната инфраструктура.За да ги добијат овие средства, општините ќе мораат да достават проекти до Министерството за транспорт и врски, за што конкретно ќе ги користат парите. 80 општини имаат право да аплицираат, додека износот што ќе го добие секоја општина е заснован на бројот на население во таа општина. Поточно, за Арачиново, позната како општина каде не се плаќа данок на имот, ќе бидат издвоени 500 илјади евра за реконструкција на патиштата.