80-годишен дедо вели дека водата во Мојанча помага за остранување на камен во бубрег. Водата јас користат и луѓе од Европските земји

0
105

Оддалечена околу 20 км од Скопје, поточно во селото Мојанче во општина Арачиново, се наоѓа оваа фонтана. Многу граѓани доаѓаат тука за да наполнат вода, бидејќи меѓу селаните е позната како вода за лекување. Дедото што го сретнавме овде вели дека со 10 шишиња од оваа вода се острануваат камењата во бубрезите. Секоја недела доаѓа тука да наполни вода и потоа продава шише за 20 денари.

80-годишниот Салиу вели дека водата е добро позната низ цела Европа и соседството. Тој додава дека не се само митови и дека водата навистина помага да се отстранат камењата во бубрезите.

Една од најчестите болести е „камења во бубрезите“ што се јавува кај луѓе на возраст од 20 до 55 години. Според уролозите, еден од најважните фактори за појава на камења во бубрезите е водата.

„Секој пациент има различна причина, но климата, водата и почвата се главните причини за појава на камења во бубрезите. Човечката урина е комплицирана биолошка течност. Урината кај здраво лице обично содржи различна количина на соли. „Ако се промени нормалната содржина на урина или ако киселоста одеднаш се зголеми, ова може да предизвика појава на камења“, велат уролозите.

Според лекарите, третманот може да биде алтернативен или хируршки. Соодветен третман бара контрола на хемиската содржина на камења во бубрезите и причините што влијаеле на нивното формирање со анализа на уринат. За сите проблеми, лекарите препорачуваат прво да се консултираат професионалци, а потоа да бараат алтернативен третман.