Вакцини за наставниците, па учениците во клупи-Од септември можна е настава со физичко присуство

Учениците од септември ќе седнат на училишните клупи доколку наставниот кадар се вакцинира, вели претседателот на СОНК Јаким Неделковски. Посочува дека одвивањето на наставата и процесот на пренесување на знаењето со физичко присуство е многу поквалитетна.

„Се надевам дека до крајот на август најголемиот дел од вработените ќе бидат вакцинирани и би сакале учебната година да започне со физичко присуство“, изјави Претседателот на СОНК, Јаким Неделковски.

Се уште нема точна бројка колку од наставниот кадар е вакциниран но Неделковски вели дека имунизацијата оди бавно, па затоа се става во знак прашалник започнување на учебната година со физичко присуство.

„Ако вака продолжи по 3 илјади лица дневно тоа би значело една година најмалку за вакцинација на целата популација. 700-800 илјади е прогнозата за тие што сакаат да се вакцинираат. Ако рачунаме дека два пати треба вакцина и ревакцина тоа би значело повеќе од една година. Апсолутно ова темпо не задоволува“, додаде Неделковски.

Од Министерството за образование и наука информираат дека имунизација на кадарот кој реализира настава со физичко присуство заврши со вакцинирањето на наставниците од прво до трето одделение. А, пак во моментот се во координација со Министерство за обазование продолжува со доставување на списоци и податоци за следните групи. Една ипол учебна година учениците од 4 до девето однеление и учениците од средните училиште наставата ја следат преку онлајн платформи.