ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА ПОДНЕСОА КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ ВО СКАФАНДЕРИ И ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕ ЏАФЕРИ

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска поднесоа Кривични пријави против собранискиот спикер Џафери и двајцата инфицирани пратеници од Ковид 19 Бисера Костадиновска Стојчевска и Мирослав Богдановски кои присуствуваа на собраниската седница кога се гласаа економските пакет закони.

Опозициските партии се повикуваат на прекршување на членовите 205 и 206 од Кривичниот законик и велат очекуваат дека институциите ќе постапат согласно законите .

Од СДСМ пак и денеска велат дека не негираат дека постојат зIакони но велат постојат и протоколи кои пратенициве не ги злоупотребиле за приватни за приватни цели туку за да се изгласаат економските пакет закони на кои со месеци чекаа работниците од најзасегнатите сектори. Контра кривични против опозицијата пак вчера во интервју за ТВ 24 најави и пратеничката Костадиновска на која пак утре и истекува изолацијата и карантитнот.

Во период кога власта и опозицијата пак се обвинуваат за тоа кој и каде ги прекршил законите парламентарното мнозинство пак реагираше дека дел од опозициските пратеници не ја почитуваат родовата рамноправност повикувајќи се на седницата кога собранискиот спикер Џафери бараше обезбедување да го отстрани кординаторот на пратеничката група на ВМРО -ДПМНЕ Никола Мицески кој во моментот кога говореше пратеничка од парламентарното мнозинство дофрлаше од собраниската сала . Од Левица пак не гледаат ништо спорно во конкретната ситуација.

На утрешната седница се очекува да присуствува и пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска на која пак и истекува карантитнот . Со тоа парламентарното мнозинство ќе може да го обезбеди потребниот минимум од 61 пратеник да може да гласа и да обезбедува кворум во законодавниот дом.