ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска седеше со рекетарите Катица Јанева и Боки 13

Шекеринска седеше со рекетарите Катица Јанева и Боки 13, а не е повикана ниту во суд, а Уставобранителите се во затвор.

Радмила Шекеринска во домашна атмосфера седеше со рекетарите Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13, а не е повикана ниту во суд, а Уставобранителите се во затвор.

Шекеринска седеше со Катица Јанева и Боки 13 и разговарале за Законот за јавни обвинители, што има Шекеринска да разговара за закон со Боки 13?! Тој ниту е професор, ниту експерт! Не држат вода обидите на Шекеринска да се испере за нејзината блискост со Катица Јанева и Боки 13, за кои од снимки видовме дека се среќавале во домашна атмосфера.

Катица Јанева и Боки 13 узурпирајќи ја моќта на СЈО и власта на Заев и Шекеринска правеле терор врз бизнисмени и изнудувале милиони. Свесна ли е Шекеринска колку мака предизвикале Јанева и Боки 13, кои видовме како се дружат со неа?

Случајот Рекет е еден од најголемите скандали во Македонија, а во него се вмешани Заев и Шекеринска. Боки 13 лично кажа дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев, додека Шекеринска сите ја видовме како седи со сега осудените.

Не може за Шекеринска да нема ниту распит, ниту обвинение, а постојат сомнежи за одредена поврзаност, кои треба да се доистражат до крај, а Уставобранителите да се во затвор.

Народот е незадоволен за сета неправда што се случува, за неспособноста, криминалот и мафијата која владеат.

Плод на неправда се и осудените за 27-ми април, на кои според досега воспоставената пракса треба да им се овозможи правдина.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ