ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на денешниот протест

ВМРО-ДПМНЕ дава поддршка на сенародниот протестен марш за слобода за Уставобранителите кој ќе се одржи денеска со почеток од 11 часот пред Влада, од каде ќе се продолжи кон Собранието на Република Македонија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест!“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.