Во ковид-центрите низ државата има 1.720 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 50 нови пациенти поради компликации од коронавирусот и тоа 32 на Интерните и хируршки клиники, 7 во

ГОБ 8 Септември, двајца на Инфективната клиника, 6 на Клиниката за детски болести и 4 во Институтот за физикална медицина. Дома се пуштени 36 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, на Клиниката за инфективни болести 154 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, на Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на коронавирусот, на ГАК има 5 позитивни пациентки, а во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.

Од болниците низ државата денеска најмногу пациенти има во ковид-центарот во Прилеп-136, а потоа во Битола-117. Во болницата во Штип се хоспитализирани 95 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес 102 болни, а во Куманово 86 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 109 пациенти, во Гостивар 45, во Струга 22 болни, во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 31, во Кичево 35, Кавадарци 74, а во Гевгелија 25 лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.