Во полошко за 6 часа санкционирани вкупно 143 возачи за пречекорување на максимална брзина

Вчера полициски екипи од 12 до 18 часот, на подрачјето на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за брзина.При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 143 возила, односно возачи (ТЕ-107 и ГВ-36) кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место.Од нив, 26 возачи (ТЕ-12 и ГВ-14) се движеле со поголема брзина од 70 километри на час од дозволената, а 66 возачи (ТЕ-44 и ГВ-22) пречекориле до 70 километри.

При контролата, исто така, биле санкционирани и 73 возачи (ТЕ-53 и ГВ-20), кои ја пречекориле брзината во населено место, од кои 1 (ТЕ) за повеќе од 50 километри на час.На сите пркршители изготвени им се соодветни поднесоци, а откриени биле и 20 други видови прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-8).