Во Полска и во Мексико откриени лажни „Фајзер“ вакцини

Американската фармацевтска комапнија „Фајзер“ соопшти дека откриле фалсификувани верзии на својата вакцина против корона вирус во Мексико и во Полска.

Во Мексико, дозите имале лажни ознаки, а во Полска пак супстанците биле за борба против бор.

Резултатите од испитувањата на вакцините кои ги заплениле властите Мексико и в Полска покажале дека вакцините се лажни.

Осумдесетина луѓе во Мексико примиле лажна верзија од вакцините за кои сите укажуваат дека се безопасни по здравјето, но дека не пружа заштита од корона вирус.

Портпаролот на мексиканските власти Хуго Лопез Гател рече дека лажните вакцини ги откриле припадници на службата за борба против криминалот на интернет откако на друштвените мрежи се понудени за цена од 2.500 долари по доза. Извршени се неколку апсења.

Полските власти соопштија дека во таа земја никој не ги забележал лажните вакцини.

Светската здравствена организација предупреди дека лажните вакцини претставуваат сериозен ризик по глобалното здравје.