Во Русија регистрирана првата вакцина во светот против COVID-19 за животни

Сега кога во светот се развиени повеќе вакцини против COVID-19, веќе може да се размислува и на другите на планетата, не само на луѓето. Во Русија е регистрирана првата во светот вакцина за корона вирусот наменета за животните.

Оваа вакцина е наречена Carnivak-Cov и е тестирана на повеќе животни како што се кучиња, мачки, лисици и визони. Според истражувањата, оваа вакцина создавала имунитет кај животните и тој се одржувал најмалку шест месеци.

Според информации, повеќе земји веќе се заинтересирани за оваа вакцина, а се истакнуваат и земји како САД, Канада, Сингапур и Полска.

Целта на развојот на една ваква вакцина не може да се каже дека е само за заштита на животните, како и на работата на фармерите. Посебно се истакнува и заштитата од мутации на вирусот кои се случуваат кога тој ќе помине кај животните, па повторно назад кај човекот.