Генерали го предупредија Макрон со отворено писмо за закана од граѓанска војна

Во Франција продолжуваат полемиките околу отвореното писмо до претседателот Емануел Макрон, потпишано на 21 април од поранешни и сегашни припадници на војската, во кое се предупредува на закана од граѓанска војна.

Би-Би-Си јавува дека во колумна објавена во десничарски весник на 60-годишнината од неуспешниот пуч, поранешни припадници на војската го повикаа Макрон да ги запре настаните во земјата која во раце на исламисти тоне во хаос и граѓанска војна.

Во истиот весник во кој беше објавен апелот, Марин Ле Пен, која ја предводи крајната десница во земјата, објави колумна во која ја поддржува постапката на пензионираните генерали и ги повикува да им се придружат.

Околу илјада војници, вклучително и околу 20 пензионирани генерали и 80 други поранешни високи офицери, потпишаа писмо објавено во десничарскиот магазин „Валер актиел” во кое се вели дека ако не се стори ништо, нивните активни другари ќе преземат заштитни активности. на територијата на Франција.

Во писмото тие тврдат дека исламистите заземаат цели делови на националната територија.

Меѓу потписниците на писмото е и Кристијан Пикемал (80), генерал во пензија, поранешен командант на Легија на странци, кој ги загуби своите почести како генерал во пензија, откако беше уапсен за учество во антиисламски демонстрации во 2016 година.

Писмото беше остро осудено од владата на Макрон, кои го споредија со неуспешниот воен удар, обид на генералите пред 60 години против тогашниот претседател Шарл де Гол.

Министерката за одбрана Флоранс Парли побара потписниците на писмото да бидат казнети.