Гостиварец присилно ја омажил 19 годишната ќерка

Гостиварец присилно ја омажил 19 годишната ќерка во Шутка каде била силувана.

На 21 aприл во 16 часот полицајци од СВР Скопје ги уапсиле Р.М.(26) и И.М.(46), откако ги пријавила 19-годишна девојка од Гостивар, според која нејзиниот татко, против нејзина согласност, ја омажил за Р.М. од Шуто Оризари. Таму неколку дена ја чувале затворена и била силувана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава.