Два физички напади во полошко, во едниот 68 годишен маж со дрвен предмет ја нападнал сопругата

0
1

Во тетовски Челопек, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 68-годишниот Ф.И., кој околу 11 часот со дрвен предмет физички ја нападнал 63-годишната сопруга.

Ф.И. задржан е во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Вчера (22 април) околу 11 часот и 25 минути, на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 40-годишниот тетовец Ј.Ј., кој еден час пред тоа во близина на тетовско основно училиште физички го нападнал 41-годишниот А.Р., исто така, од Тетово.Се расчистува и документира случајот.

Утринава на автопатот Тетово-Гостивар, во близина на Неготинска клучка, патничко моторно возило „даеву матиз“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(53) од кичевско Шутово, излетало од коловоз. Во незгодата, Џ.А. здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.На местото на незгодата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.
….