Две лица нападнати пред сопствените домови во Тетово

 

Во Секторот за внатрешни работи Тетово две лица пријавиле дека биле нападнати пред своите домови.

Триесет и две годишен човек бил нападнат од две лица од кои едниот го познавал, пред зградата во која живеел. Полицијата информира за уште еден напад. Дваесет минути по полноќ друго лице пријавило дека бил нападнато пред својот дом на ул. Благоја Тоска.Се превземаат мерки за расчистување и на двата случаи.

Вчера попладнето, бил лишен од слобода дваесет и осум годишен тетовец кој се обидел да ја нападне својата шеесет и пет годишна тетка, а потоа со остар предмет и ја оштетил надворешната врата.

Во првото тромесечје од оваа година пријавени се 115 нарушувања на јавниот ред и мир во тетовско –гостиварското подрачје. Тоа се 4 проценти помалку од претходната година, велат од СВР Тетово. Најчесто нарушувањата биле тепачки и и физички напади врз лица на улица или во угостителски објекти. Во истите почесто биле инволвирани мажи, додека само во седум случаеви биле вклучени и жени, известува потпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Ангела Бошкоска