Демиркапискиот градоначалник Петров: Опасен психопат живее помеѓу нас, мора да биде откриен!

0
1

ПОДОЛУ ПОД ТЕКСТОТ СЛЕДУВА ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА

Денес ги видов вознемирувачките фотографии, дознав за настанот кој се случил во нашата општина. И самата помисла дека некој кој го сторил ова дело живее помеѓу нас, во Демир Капија, е морничава – за ,,Фокус” раскажува Лазар Петров, градоначалникот на Демир Капија, за случајот со обесеното кученце кој ја вознемири јавноста.

Фејсбук страницата „Шепасти Ентузијасти“ објави вознемирувачки фотографии од обесено куче.

Тие велат дека овој случај ќе биде пријавен во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Според објавата, се работи за фотографија направена на територија на Демир Капија.

„Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај! Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре.Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова?“, стои во објавата.