Дер Лајен: За Северна Македонија се предвидени 119 илјади вакцини

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен објави на Твитер дека ЕУ ќе достави 119 илјади дози вакцини на Македонија

„Ние сме блиски со нашите партнери од Западен Балкан, како што му реков на Зоран Заев, 119 000 дози вакцини ќе пристигнат во северна Македонија од мај до крајот на август. Во ова сме заедно “, напиша Фон дер Лајен во објава на Твитер.

Овие вакцини се од Австрија и ЕК, кои до август ќе испорачаат 651 000 дози „Фајзер / БиоНтех“ во шест земји од Западен Балкан. Тие се дел од шемата на ЕУ за помош на соседните земји и Африка. Босна и Херцеговина ќе добие највеќе 214 илјади дози, додека Македонија 119 илјади дози