ДОБРА ВЕСТ ОД ТЕТОВО – СЕ НАМАЛУВААТ АМБУЛАНТСКИТЕ ПРЕГЛЕДИ НА ПАЦИЕНТИ СУСПЕКТНИ НА КОВИД 19

Се намалуваат амбулантските прегледи на пациенти суспектни на КОВИД 19, но пациентите кои се хоспистализирани во тетовската болница се со многу тешка клиничка слика и сите се на кислородна подршка

Моментално има хоспитализиран 41 пациент со коронавирус на инфективното одделение и во КОВИД центарот при Клиничката болница Тетово.На овој бран ризична група беа тие кое што беа со коморбидитети.

-Имаме помалку амбулантски прегледи што е индикатор дека бројот на пациенти заболени со КОВИД 19 ќе се намалува, тоа е добра вест. Но лоша е состојбата со хоспитализираните пациенти кои се со тешка клиничка слика, а голем дел од нив имаат коморбидитети. Некои позитивни случаи кои немаа никакви други дијагнози, а се лекуваа во Ковид центарот сега се пуштени на домашно лекување.Но, ова не е правило има и такви кои немаат никакви коморбидитети а завршуваат со тешки симптоми и на крај некои за жал завршуваат и фатално, рече д-р Гзим Нуредини координатор на КОВИД центарот при Клиничката болница Тетово.

Вирусот има биолошки ритам и тој треба да се следи и на основа на тоа се носат и препораките и мерките кои мора да се почитуваат.

-Мерките се важни заради организирање на здравствени работници, дека ние имавме многу голема и брза трансмисија на болеста и голем број на хоспитализирани пациенти за кратко време. Со мерките не значи дека веднаш ќе се намалат бројот на позитивни случаи, но сепак треба да се има трпение за да се почуствува ефектот од мерките,рече д-р Нуредини.

Со капацитетот за хоспитализирање на КОВИД пациенти засега стоиме добро, а очекуваме и наскоро модуларната болница да биде ставена во функција, која има капацитет за лекување на 36 пациенти додаде д-р Нуредини.