Експлозија на плинска боца е најверојатно причината за пожарот во станбена зграда на петти кат, на Булеварот „ Маршал Тито“ во Тетово, пренесува Алсат. Пожарот избувнал околу 07:50 часот. Само неколку минути подоцна пристигнале пожарникарите со две возила и осум пожарникари и за краток период успеале да го локализираат пожарот, спречувајќи го да не се прошири на други станови.
Нема повредени од пожарот , иако во станот имало станари. Причинета е само материјална штета.
Пожарот е целосно изгаснат ,а припадници на Секторот за внатрешни работи Тетово имаат извршено увид