Заврши средбата помеѓу Заев и вработени во ДПИ

Во Владата штотуку заврши средбата меѓу премиерот Зоран Заев и тројца вработени во Државниот пазарен инспекторат. Средбата траеше еден час, а по неа немаше изјави за медиумите. На средбата се размениле ставови на двете страни.

Вработените во инспекторатот со кој раководи Стојко Пауновски потпишаа петиција која ја доставија до Владата и бараа да не биде разрешен нивниот директор. Премиерот Заев најави негово разрешување поради пркос и инаетење откако Пауновски одби да прими во пазарниот инспекторат 35 вработени рамковни административци.