Загина 15-годишно момче во сообраќајка во општина Илинден

Трагична сообраќајка во општина Илинден, загина петнаесетгодишно момче.Имено вчера од скопската населба Миладиновци загина во сообраќајна несреќа која се случила во населба Марино, Општина Илинден.

Несреќата се случила околу 13 часот кога автомобил „Рено“ со скопски таблички управуван од С.И. (31) се судрил со моторцикл „Априлија“ управуван од А.Р. (15).

Од силината на ударот на лице место починал малолетникот. На местото на настанот веднаш пристагнала екипа на Брза помош но само констатирала смрт на малолетникот.

Полицијата за денеска најавува повеќе информации за трагедијата.