Малите хидроцентрали не прават проблеми во водоснабдувањето во Тетово истакна премиерот Зоран Заев при денешната посета на тетовско Теново. Тој рече дека хидроцентралите односно нивната изградба се законски и според сите еколошки стандарди.
-Не се проблем хидроцентралите. Тие само во еден дел ја земаат водаат и ја пуштаат повторно, се почитуваат сите еколошки стандарди, дури има и рибина патека, рече премиерот Зоран Заев.
Вода нема поради ерозивни процеси на Шара потенцираше Заев.
Разговараме со Општина Тетово и тие ни кажуваат дека нивни екипи се на терен и работаат на таа проблематика, такво е земјиштетото, рече Заев.
Инаку Ана Петровска од Инспекторатот за Животна средина, истакна во неколку наврати дека изградбата на хидроцентралите ќе има негативни последици врз водоснабдувањето на градот Тетово, тоа го повторија и неколку невладини организации.