Заев: Утре одлучуваме за евентуално разрешување на Пауновски, претходно ќе се сретнам со инспекторите кои потпишаа петиција против разрешување на директорот

Премиерот Заев утре во 9:00 часот ќе оствари средба со инспекторите од Пазарниот инспекторат кои со петиција бараат да се повлече барањето за разрешување на актуелниот шеф на овој Инспекторат, Стојко Пауновски.

Како што кажа Заев, откако ќе ги слушне нивните аргументи ќе замине на седница на владата, кадешто ќе се одлучува по предлогот за разрешување на Пауновски.

По најавите на премиерот Зоран Заев дека „пркос“ не е дозволен и дека ќе биде побарано разрешување на Пауновски, кој отворено одби да прифати во неговата институција да бидат прераспределени 32 „рамковни“ административци, вработените се мобилизираат во повеќе градови и потпишуваат петиција.