Заев ѝ дозволува на Шекеринска да се повлече, ја почитува нејзината одлука да не биде потпретседател на СДСМ

Јас живеам во Скопје повеќе години, скопско крило сум сега?“

Вака се пошегува лидерот на СДСМ, струмичанецот Зоран Заев на прашањето дали некандидирањето на Радмила Шекеринска за потпретседател на партијата би влијаело на скопскиот огранок во партијата.

Не спомна дијалог, ниту некаков обид да ја убеди Шекеринска да остане не функцијата потпретседател. Само вели дека ја почитува нејзината одлука, или поинаку гледано, и дава слобода самата да се тргне.

Откако рече дека Шекеринска не поднела оставка, Заев додаде дека ќе продолжи да соработува со неа, независно дали ќе продолжи да биде во СДСМ или на друго место. Заедно со ова истакна дека и ги признава заслугите за придонесот во евроатлантските интеграции на земјава.

Шекеринска вчера на прашање на ТВ21 дали верува дека ќе ја зачува позицијата потпретседател по конгресот во мај, таа рече дека одлучила да не се кандидира повторно.

И Заев се согласува дека на раководството на СДСМ му е потребна обнова. Негира дека е зборувано за нејзино назначување за амбасадор на САД, а уште помалку дека таа одбила.