За европратениците Шидер и Ќучук неприфатливо е тоа што Европскиот совет се уште не дава зелено светло за старт на преговорите со Македонија

Неприфатливо е тоа што Европскиот совет се уште не дава зелено светло за старт на преговорите со Македонија. Ова е ставот на Андреас Шидер, претседавач на делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитете ЕУ – Северна Македонија, според кого е неприфатливо бугарското вето, а кој се надева дека сега по изборите во Бугарија можеби на хоризонтот се наѕира можност билатералните прашања да се стават во билатерална структура за да се дебатира за нив, а не да се користат за блокирање оти така ќе се испушти шансата и можностите. На ист став е и известувачот за Макеоднија во Европскиот парламент, Илхан Ќучик, кој историјата да им се остави на историчарите, а политичарите да ја завршат својата работа за штос е избарни и да се врата на основите на Договорот за добрососедство од 2017 година.

За реформите во земјава и Шидер и Ќучук, утрово во омн-лајн брифинг за новинарите рекоа дека многу е направено, но оти се потребни подлабоки реформи во судството, плурализмот и слободите, борбата против корупвијата и организоираниот криминал, но и поголема сорбаботка и дијалог меѓу власта и опозицијата доколку се сака да се решат проблемите во земјата.