За шест часа 170 казни за брзо возење во Тетово и Гостивар

За шест часа при вчерашната акциска контрола, сообраќајните полицајци при СВР Тетово изрекле казни за вкупно 170 луѓе кои управувале возило со брзина поголема од дозволената. Од вкупниот број прекршоци, 92 се на територијата на Тетово, а 78 на територијата на Гостивар.

-Во периодот од 13:00 до 19:00 часот на подрачјето на СВР Тетово е спроведена засилена сообраќајна контрола за санкционирање на возачи кои  управуваат  возило со брзина поголема од пропишаната.  Санкционирани се вкупно  170 прекршоци, од кои 122 прекршоци од  возачи кои возеле пребрзо надвор од населено место и 48 во населено место, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од вкупниот број казнети возачи, 34 возеле со дури над 70 километри на час над дозволената брзина, а 107 со дури над 50 километри на час над дозволената брз ина.