За 3 месеци Општина Тетово платила 15000 илјади евра на скопски адвокат! АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ПРАШУВА: Дали имало тендер со подостапна цена ? Општина: Не станува збор за фиксни плаќања

Алијансата за Албанците реагираше до Општина Тетово за ангажманот на адвокат од Скопје, на кого за три месеци му биле исплатени околу 15 илјади евра. Музафер Етеми бара одговор од општината според кој критериум е избран овој адвокат.

„Нашата сакана општина му плаќа на адвокатот 15 илјади евра, за три месеци ,а не ги плаќа придонесите на десетици вработени во Јавното претпријатие на градот. Бараме општина Тетово и градоначалничката Теута Арифи да се изјаснат што е можно побрзо. Да се ​​објави јавно договорот со адвокатот Трајчев, да се даде образложение дали имало тендер со подостапна цена“, рече Музафер Етеми од Алијанса на Албанците

Од Општина Тетово велат дека со измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки, од 2019 година правните услуги на институциите се вршат без договор и само преку наплата врз основа на надоместокот утврден од Адвокатската комора.

„Адвокатите не се плаќаат со месечни договори, туку според законот и процесите во кои се ангажирани. Исто така, не станува збор за фиксни и редовни месечни исплати, туку тие се реализираат врз основа на потребата според услугите однапред реализирани и фактурирани “, велат од Општина Тетово.