Земјотрес ја погоди Хрватска: „Силен и краток, како детонација

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска синоќа, јавуваат локалните медиуми.

Како наведува „Индекс“, земјотресот бил почувствуван во централниот дел на Хрватска и траел неколку секунди.

Според хрватските медиуми, епицентарот бил во Маркушевац.

– Вечерва, 20 април 2021 година, во 23,15 часот, сеизмолозите при Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа умерен земјотрес со епицентар во Маркушевац (Загреб). Јачината на земјотресот била 3,1 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот бил IV (четири) степени според скалата ЕМС. Според претходните информации, земјотресот бил почувствуван во Загреб и неговата околина – објави сеизмолошката служба.

– Силен и краток, како детонација – коментирал еден од граѓаните што го почувствувале земјотресот.