Италијанските пратеници одобрија план за закрепнување од 200 милијарди евра

Долниот дом на италијанскиот парламент денеска го одобри планот на владата да потроши скоро 200 милијарди евра помош од ЕУ за да се опорави од пандемијата.

Мерката е донесена со 442 гласа „за“, 19 „против“ и 51 воздржан.

Сенатот исто така ќе гласа во текот на денот. Мерката се очекува да помине затоа што владата има големо мнозинство и во тој дом.

Премиерот Марио Драги тогаш ќе може да го испрати својот нацрт-предлог до Брисел пред крајниот рок на 30 април.

Италија ќе добие најмногу пари од Европскиот фонд за закрепнување во вредност од 750 милијарди евра.

Помошта ќе се исплати во форма на грантови и меки заеми.

Во својот говор вчера, Драги рече дека законот е важен за „судбината на земјата“ погодена од здравствената криза.

Тој истакна дека не станува збор само за пари, туку и за потребата Италија да ги реши старите слабости кога станува збор за бирократијата, па затоа тоа е дел од планот и за реформи во судството.