Секторот за внарешни работи Тетово го идентификуваше и санкционира 17-годишното лице од Гостивар, кое управувајќи четирицикл на 4-ти овој месец во близина на крстосницата на улиците”Живко Брајковски” и “101” во Гостивар, преминува преку тротоарот и удирајќи со четирициклот оштетува сообраќаен знак “стоп”, а потоа снименото видео го објавува на социјалните мрежи.
Попладнево со него е извршен службен разговор во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар и изготвени му се два поднесоци по Законот за возила.