Кинески официјален претставник изјави дека нивните вакцини не се ефикасни, па се премисли

Највисокиот кинески службеник за контрола на болести изјавил дека ефикасноста на вакцините против Ковид-19 во земјата е мала, што претставува ретко признание на слабост, за било кое поле во Кина.

На прес-конференција, Гао Фу додал дека Кина размислува да ги меша вакцините како начин за зголемување на ефикасноста, пренесува Би-Би-Си.

Кина разви четири различни вакцини одобрени за јавна употреба, иако некои испитувања во странство сугерираат ефикасност до 50 проценти.

Гао подоцна истакнал дека неговите коментари биле погрешно протолкувани.

Двете фармацевтски компании кои стојат за најголемиот дел од кинеските вакцини против ковид-19, се уште немаат објавено детални податоци за ефикасноста на своите вакцини во медицинските журнали. Меѓутоа првичните резултатите објавени од компаниите, покажуваат дека нивната ефикасност значително заостанува зад новиот тип на вакцини базирани на мРНК.

Вакцината на Синовак на тестирањето во Бразил покажа ефикасност од 50,4%, додека на студијата во Турција имаше ефикасност од 83,5%. Од друга страна Синофарм тврди дека нивните 2 вакцини имаат ефикасност од 79,4 и 72,5 проценти.

Повеќе од 100 милиони луѓе во Кина примиле барем една доза на вакцина.

Сепак, по кратко време, во интервју за Глобал Тајмс, тој изјавил дека се случило „недоразбирање“. Гао ја објаснил својата научна визија само додека научниците разговараат за ефикасноста на вакцините, што се однесува на тоа како да се подобри нивната ефикасност, како и дали може да се вакцинираат со различни вакцини, то ест со две дози од различни производители.

„Стапката на ефикасност на заштитата на вакцините понекогаш е висока, а понекогаш е мала во светски рамки. Прашањето за научниците ширум светот е како да се подобри ефикасноста. Во врска со ова, предлагам да ја прилагодиме вакцинацијата според околностите. Ова се однесува на временскиот интервал помеѓу вакцинацијата со првата и втората доза, како и вакцинацијата со различни вакцини“, посочил Фу.