Комисијата за заразни болести деновиве ќе ја анализира состојбата со Ковид-19

Епидемиолошка состојба со Ковид-19 се очекува наредните денови да биде анализирана од Комисијата за заразни болести, по што ќе биде одлучено дали ќе има нови мерки за време на претстојните велигденски празници.

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на Ковид-19 се со важност до 27 април.

Според министерот за здравство Венко Филипче, иако состојбата со Ковид-19 се стабилизира мора да останеме максимално внимателни. Граѓаните треба максимално да ги почитуваат мерките кои се на сила, а посебно треба да бидат внимателни за претстојните празници кои се голем епидемиолошки ризик.