КОЈ ЈА ИМА НАЈВИСОКАТА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД 70.942 ДЕНАРИ?!

Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната нето плата за февруари месец, според кои просечната плата изнесува 27 948 денари и бележи раст од 2,7 проценти споредено со истиот месец лани.

Според статистичките податоци порастот на просечната плата се должи на зголемување на платите во неколку сектори и тоа:Информации и комуникации (10.1 %), Други услужни дејности (8.2 %) и Рударство и вадење на камен (7.5 %).

Сепак што покажуваат податоците во однос на тоа кој ја има највисоката просечна плата по сектори. И без многу изненадувања со 70.942 денари просечна плата за февруари убедливо на врвот се информатичарите и консултантите.

По информатичарите со највисоки просечни плати во земјава од 40.000 до 50.000 се уште неколку професии. компјутерско програмирање, консултантски услуги 70.942 денари фармацевтска индустрија 46.720 денари снабдување со електрична енергија и гас 41.443 денари воздухопловен транспорт 43.372 денари телекомуникации 41.742 денари финансиско услужни дејност 45.140денари стручни научни и технички дејности 55.895 денари