Кривична за 26-годишен радовишанец кој силувал малолетничка

26-годишен радовишанец во текот на минатата ноќ извршил обљуба врз малолетничка, соопштуваат од МВР.

На 21.04.2021 година ОВР Радовиш до Основен суд Струмица поднесе кривична пријава против С.М. (26) од Радовиш, поради постоење сомнение дека ноќта помеѓу 20/21.04.2021 година во Радовиш осомничениот извршил обљуба врз малолетничка.

С.М. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.