Машки труп пронајден во Вардар кај Огњанци

Тело на најверојатно машко лице е пронајдено во реката Вардар во близина на селото Огњанци. Информацијата ја соопшти Министерството за внатрешни работи, но други детали не се соопштуваат.

Телото било најдено околу 11.45 часот кога всушност било пријавено во полиција. ПОтоа телото е извадено од водата и е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.