Медицинска сестра вакцинирала со физиолошки раствор, наместо со вакцина Фајзер

Вработена во германскиот центар за вакцинација признала дека наполнила шест инјекции со физиолошки раствор наместо вакцина против коронавирус од Фајзер / БиоНтех.

„Физиолошкиот раствор е безопасна супстанца и нема ризик по здравјето за оние на кои им се инјектирала“, рече Матијас Пулц, претседател на државната здравствена канцеларија на Долна Саксонија.

Според извештаите, вработената во центарот во Фрисланд фрлила шише физиолошки раствор додека ја мешала вакцината, па се обидела да ја прикрие.

Локалниот претставник Свен Амброси рече дека „случајот бил многу шокантен“ и дека „веднаш се воведоа дополнителни проверки што се однесува до подготовката на вакцините“.

„Никој повеќе не останува сам со вакцината, па вакви случаи повеќе не се можни“, истакна Амброси.

Германскиот Црвен крст објавил дека обвинетата медицинска сестра имала околу 40 години и дека и се подготвува отказ.Полицијата, во договор со локалното државно обвинителство, започнала истрага.

Властите проверуваат кој се вакцинирал со физиолошки раствор за да можат да ја примат вистинската вакцина против коронавирус.