Мицкоски: По Бајрам и Велигден ќе ја разгледаме можноста за протести

Да почекаме да поминат овие големи верски празници како Рамазан-Бајрами и Велигден, а потоа ќе разговараме за постапките на опозицијата, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговори на прашањето дали опозицијата ќе продолжи да поддржува протести како што беа оние против судските одлуки за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Мицкоски рече дека со поддршка на овие протести барале правда и оти според него ова не претставува поддршка за насилството.