Млади и здрави луѓе преку реинфицирање помагаат во пронаоѓање на нова вакцина за Ковид-19

Млади и здрави луѓе преку реинфицирање помагаат во пронаоѓање на нова вакцина за Ковид-19

Најновото истражување со цел да се обезбедат подобри третмани и вакцини за превенција ќе се одвива со млади луѓе кои веќе го поминале вирусот. Истите ќе бидат реинфицирани, односно повторно изложени на вирусот, а нивната состојба ќе биде следена од медицински тим.
Дури 64 волонтери на возраст од 18 до 30 години се пријавиле за соработка. Истите ќе бидат во седумнаесет дневен карантин пред процесот.

-Оваа испитување ќе се разликува од останатите затоа што за разлика од природното инфицирање ова ќе биде цврсто контролирано, вели проф. Хелен МекШејн од Универзитетот на Оксворд за Би-би-си.

-Покрај тоа што ќе напреднеме со општите познавања што веќе ги имаме за вирусот, експериментот ќе ни помогне да креираме тестови што ќе можат со точност да одредат дали човекот е заштитен од вирусот, вели Хелен.

Процесот ќе се одвива во неколку фази. Првата фаза цели кон одделување на мала доза од вирусот која ќе почне со репликација и притоа ќе резултира со неколку симптоми или нема да развие симптоми воопшто. Дозата ќе се искористи да ги инфицира дел од учесниците во студијата. Оние кои ќе се здобијат со симптоми ќе бидат лекувани со третманот на анти-тела за да се заштитат од можната инфекција. Тимот на експерти кои стојат зад овој научен труд вели дека тестирањето ќе започне на лето и истото ќе се одвива во безбедна и контролирана средина.

-Студиите ќе ни овозможат да ја разбереме динамичноста на вирусот уште подобро што ќе го потхрани нашето знаење за создавање на уште подобри и поефективни вакцини и анти-телскитретмани, изјави проф. Лоренц Јанг од Универзитетот Ворик во Обединетото Кралство исто така за Би-би-си.

АНГЕЛА БОШКОСКА