Момче во Шпанија ја убило мајка си, ја расчеречил и ја изел, давал и на кучињата

На момче во Шпанија му се суди оти ја убил мајката, го исекол нејзиното тело и ги изел нејините делови, пишува Би-би-си.

Алберто Санчез Гомез уапсен е во 2019 година откако полицијата дошла во станот на неговата 66-годишна мајка. Нејзините познаници повикале полиција, загрижени што таа со денови не им се јавила.

Детективите по влегувањето во станот пронашле делови од мртва жена во пластични кутии распоредени по станот и во ладилникот. Локалните медиму пишуваа дека момчето го исекло телото на повеќе илјадници делови. Го затекнале 26-годишното момче како готви некои од деловите.

Полицајците на кои им отворил врата навеле дека на прашањето дали се наоѓа неговата мајка во станот, тој рекол: „Да, мојата мајка е овде, мртва е.“

Момчето признало дека деловите од нејзиното тело ги готвело и ги јадело, а некои му давало на кучето.

На почетокот од судењето Санчез Гомез тврдел дека ќуп со „тајни пораки“ од телевизија и гласови му зборуваат: „Убиј ја својата мајка“. Гласовите, тврди, им припаѓале на неговите соседи, познаници и славни личности.

На судењето тврдел дека не се сеќава на убиството, ниту на расчеречувањето на телото.

Му се заканува казна од 15 години до доживотен затвор.