Од ноќеска: Поскапуваат Еуросупер БС-95 и дизел горивото

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата што ќе важат од ноќеска, па се до следниот понеделник. Според најновата одлука за половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95 и дизелот, а цената на Еуросупер БС-98 останува иста.

Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 67,5 денари за литар, а на дизелот 58,5 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98 останува 69 денари.

Покачувањето на цените, РКЕ го образложува со порастот на цените на нафтените деривати на светските берзи во изминатите седум дена, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот