Пауновски: И по цена да сум разрешен, нема да ги прифатам сите 35 „рамковни“ во Инспекторатот

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски вели дека нема да попушти, околу вработувањата на рамковните административци во неговата институција, по цена и да биде сменет од директорската позиција откако денеска премиерот Зоран Заев јавно му порача дека мора да ги спроведе владините одлуки.

Во неговата институција требаше да се преземат 35 административци, но според Пауновски, само 12 имаат соодветно образование.

-Овие лица, кои немаат соодветно образование, а бираат работа – односно сакаат канцеларска, а не теренска – нема да ги вработам, вели Пауновски за Сител, зошто смета дека администрацијата треба да биде силна институција, а не партиски орган за вработување.