Пауновски – Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери

0
1

Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција. напиша Стојко Пауновски на својот Фејсбук профил.

Објавата ви ја пренесуваме во целост –

Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот.

При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен.

Горд сум на се што направивме заедно!

Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав, објави Пауновски на својот Фејсбук профил