Пауновски – Поинаку не знам и не сакам да работам

Пауновски по најавата за негово разрешување не толку сакаше да ги коментира ваквите одлуки. За неколку медиуми даде само куси изјави дека изјавата на Зоран Заев не ја сфаќа како притисок, тука е само малку разочаран што премиерот не го разбрал, иако пратил информација за состојбата во Пазарниот инспекторат. Истакна дека нема што друго да каже освен дека може слободно да го разрешат.

По медумската војна, Пауновски за неколку часа доби големи подршка од вработените како и од неговите пријатели, кои преку социјалните мрежи испратија повеќе пораки со подршка меѓу кои:

-Само во Македонија можат да те разрешат ако си ја работиш професионално својата работа,само напред Пауновски така се сака својата држава, се само дел од коментарите на граѓаните напишани на социјалните мрежи.

Во меѓувреме во Пазарниот инспекторат се собираат потписи за повлекување на одлуката за разрешување на Пауновски.

-Во историјата на постоењето на пазарниот инспекторат не се случило да постои таков кадарен личен морален и етички капацитет како што е Пауновски. Условите кои ги создаде Пауновски во само три години се услови кои ќе ги користат вработените уште многу многу години во иднина. Од набавка на возила од реконструкција на објекти, како и зголемување на број на кадар. Квалитетот на институцијата, реномето го издигна на многу високо ниво ,а за тоа говорат и големиот број резултати.Она што во моментов се случува е процес на потписи на голем број на инспектори на петицијата со цел да имаме средба со премиерот Зоран Заев за да го слушне мислењето и ставот на вработените како функционира нашата институција и разликите пред и по Пауновски. Верувам дека нашиот глас ќе биде слушнат. Ова се случи ненадејно и имаме потполна подршка од сите вработени, истакна Александра Котели портпарол на ДПИ

Што и како понатаму Пауновски без повеќе информации, тој само накусо за Фокус одговори,

„Тоа што јас го кажав не беше одлука, туку спроведување на закон во една институција која Владата ми ја доверила јас да ја раководам. Поинаку не знам и не сакам да работам“, истакна Пауновски